Се огласи Кремљ по средбата Путин – Виткоф: Еве за што разговараа четири часа специјалниот пратеник на Трамп и претседателот на Русија

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф за решавање на конфликтот во Украина заврши доцна во петокот по повеќе од четири часа.

Кремљ на својата веб-страница објави фотографија на која двајцата официјални лица се ракуваат, истакнувајќи дека средбата се одржала.

„Tемата на состанокот – аспекти на украинското решение“, објави Кремљ.

Руските новински агенции јавија дека средбата траела повеќе од четири часа.

Интерфакс објави дека Виткоф, специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп за Блискиот Исток, кој се повеќе се занимава со Русија, го напуштил местото на состанокот – претседателската библиотека во Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија.

Тас објави дека инвестицискиот пратеник 
на Путин Кирил Дмитриев се вратил во хотел во градот.