Се огласи познат актер откако дознал дека неговата сопруга му е сестра: ѝ подарил нешто што таа не го очекувала ниту во најлудите соништа
По 23 години брак, Кевин Бејкон и Кира Сеџвик открија дека се далечни братучеди. Актерот сега за прв пат се огласи на социјалните мрежи откако оваа информација го шокираше светот.
Кевин Бејкон и Кира Сеџвик се сметаат за еден од најстабилните и најдолготрајните парови во Холивуд.
Нивната романса започнала во далечната 1987 година на снимањето на филмот „Лимоново небо“, а само една година подоцна го кажале судбоносното „да“. Во тоа време, тие немале поим дека, освен љубовта, ги поврзува и необична семејна врска.
Учествувајќи во популарното шоу „Во потрага по корени“, тие ја открија изненадувачката вистина дека всушност се далечни роднини. Се испостави дека се во роднинска врска во деветто колено, што значи дека Кира е всушност далечна братучетка на Бејкон.

И додека ова сознание беше шокантно за многумина, Кира сè го пречека со чувство за хумор и опуштеност.
– Знаев! Знаев! Знаев дека ќе бидеме во роднинска врска. Мислам, повеќето белци се некако поврзани. Искрено, не бев изненадена. Претпоставував дека тоа е причината зошто двајцата бевме тестирани, но морав да се преправам дека сум шокирана – рече таа низ смеа.
Неодамна, актерот се огласи на својот Инстаграм, испраќајќи нежна порака до својата сопруга.
Овој пат поводот беше 60-тиот роденден на Киран. Наместо класичен подарок, Бејкон ја изненади и ѝ купи две крави, кои ги сними и ги објави на Инстаграм.