Се огласи поранешниот сопруг на Славица Ќуктераш: Аврамов ја претстави својата страна од приказната за наводното насилство
Поранешниот сопруг на пејачката Славица Ќуктераш, Влада Аврамов, наводно бил сослушан во полиција, откако таа го пријавила за закани.
Поранешниот голман се огласи преку адвокат, а ја откри и својата страна на приказната.
Да потсетиме, медиумите објавија дека Аврамов бил сослушан во полиција во станицата во Нови Сад, при што му е одредена мерка притвор од 48 часа, додека тој наведува дека по него не е распишана потерница.
– Тој во саботата на 24.06.2023 година доброволно влегол во просториите на ПУ Нови Сад со својот адвокат и дал изјава во врска со поднесената пријава и ја пријавил поранешната сопруга за упатените закани и уцени. Против Влада Аврамов во моментов не е покрената кривична постапка. Исто така, наводната жртва Славица Аврамов во полиција не доставила никакви пораки кои се заканувачки и навредливи, ниту пораки во кои Аврамов се заканува дека ќе и’ го одземе детето – се наведува меѓу другото во изјавата на адвокатскиот тим на Влада Аврамов, а продолжува:
– На 24.06.2023 година на Аврамов Влада, по пријава на Славица, од ОЈО Нови Сад му беа изречени итни мерки со кои му се забранува контакт и приближување со жртвата на насилство во траење од 48 часа, кои мерки ги продолжи Основниот суд во Нови Сад на 26.06.2023 година.
Аврамов престојувал во Унгарија, каде работи како фудбалски тренер, кога пејачката го пријавила.
Славица Ќуктераш потоа накратко изјави за локалните медиуми: – Немам коментар. Нема да коментирам за тоа, не, .. се надевам дека ме разбирате.