Се огласи семејството на момчето-психопат кое изврши масакр во ,,Рибникар”: Испратија порака до семејствата на загинатите во ОУ „Владислав Рибникар“
Преку нивни застапник се огласи семејството на момчето осомничено дека го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.
Ова е нивна прва изјава во која се изразува сочувство до семејствата на жртвите.
„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден тивко плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете кое загина а и за Драган кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и најискрено жалиме и испраќаме сочувство до секое семејство за нивната загуба, која е и наша загуба. Нека почиваат во мир”, се вели во пораката која во име на семејството ја испрати адвокатската канцеларија.