Таткото на малата Данка Илиќ, која исчезна вчера околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор , се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и испрати шокантна порака.
– Слатка на тато, тато ќе те најде. Свету мој мал – напиша на Фејсбук.
Во потрагата по девојчето биле вклучени сите дежурни служби на МВР, а системот „Најди ме“ е активиран за првпат откако е пуштен во Србија. Обемната потрага продолжи и денеска бидејќи од девојчето нема трага.
Исчезнала во 13 часот и 45 минути кога нејзината мајка отишла да му даде вода на постарото дете.
– Се свртев да му дадам вода на другото дете и кога повторно погледнав, ја немаше – раскажала за Телеграф преплашената мајка.
Носеше виолетови панталони и маслинесто зелена јакна, со врзана коса.