СЕ ОГЛАСИ ЧОВЕКОТ КОЈ ГО ПОВРЕДИ ЃОКОВИЌ ВО РИМ! Сними видео и испрати извинување – еве што вели за ИНЦИДЕНТОТ! (ВИДЕО)
Марио Фери, кој тврди дека е автор на невиден скандал кој го потресе тенискиот свет, се огласи на Инстаграм .
Да потсетиме синоќа се слушна веста која ја шокираше тениската јавност дека Новак Ѓоковиќ бил удрен со шише во главата по првиот меч во Рим .
По тој повод српскиот ас се здоби со полесна повреда поради што завршил во болница.
Она што за многумина е чудно е што на видеата се гледа дека некој друг е виновникот за овој инцидент, а не Марио…
Сакав да се извинам за тоа што се случи на турнирот во Рим, откако Ѓоковиќ го заврши својот меч.
Фери тврди дека шишето не го фрлил намерно кон српскиот тенисер.
„За жал, вакви работи се случуваат. Се надевам дека не е повреден. Му се извинив и нему. Сакав да им кажам на оние кои навредуваат дека тоа не го направив намерно, туку случајно“, додал тој.