Се огласи шефот на Кримското собрание! Не бираше зборови: „Тие мораа да знаат…“

Терористичкиот режим во Киев вечерва изврши ново злосторство – го нападна мостот на Крим, напиша Константинов на својата Телеграм.

Според него, во Киев морале да знаат дека автомобилскиот дел на преминот е исклучиво цивилен објект.

– Но, тоа никогаш не ги спречи терористите. Нема да бидат запрени ниту во иднина – потенцира Константинов.

Тој додаде дека железничкиот дел од мостот на Крим не е оштетен и полуостровот не е изолиран.

-Пругата не е оштетена во нападот, Крим е поврзан со континентална Русија со територијален коридор на север. Имаме искуство во траектниот сообраќај. Не сме изолирани – прецизира Константинов.

Претходно првиот човек на Крим, Сергеј Аксјонов, објави дека сообраќајот на мостот на Крим е прекинат поради инцидентот кај 145-от столб на мостот од страната на Краснодарската територија.

Тој ги повика жителите на Крим и гостите на полуостровот да се воздржат од патување преку мостот на Крим и да изберат алтернативни патишта низ новите региони.

Според гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, во инцидентот загинале двајца жители на регионот, маж и жена, а повредена е нивната малолетна ќерка.