Седницата на мешовитата комисија за историско-просветни прашања со Бугарија, закажана за денеска, нема да се одржи, јавува „Сител“, повикувајќи се на членовите на комисијата од македонска страна.
Поради промена на составот, новиот претседавач денеска ги информирал бугарските колеги дека седницата закажана за денеска и утре во Скопје се одложува.
Првиот состанок на комисијата со новиот состав се очекува во наредните недела-две.
Владата пред една недела на седница со затворени врати го смени составот на комисијата и за претседател на комисијата го назначи историчарот Ванчо Ѓорѓиев. Тој и претходно беше член на комисијата, но поднесе оставка пред речиси три години, обвинувајќи ги притисоци и „директно мешање во професионалната работа од страна на висок функционер во МНР“.