Дејана Бачко, попозната како „Девојката со крилја“ – сликарка, параолимпијка, денеска се омажи за таткото на својата ќерка, Марко Нежиќ.
Двајцата станаа родители на ќерката Лара на 24 февруари минатата година.
Како што може да се види на фотографијата која Дејана ја објави на социјалните мрежи, таа и нејзината ќерка блескаат во бели фустани. Лара има лак во косата, цело време се насмевнува и и’ се гледаат забите.
„Со љубов и благослов влеговме во ново поглавје заедно”, напиша Дејана со фотографија од црквата
Постојано пристигнуваат бројни честитки од регионот и светот.