“СЕ ОПОРАВУВА, НО СЕ УШТЕ…“ – позната состојбата на момчето кое беше тешко рането во масакарот во основното училиште во Белград

Ученикот В.П., кој беше тешко ранет во масакарот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, е многу подобар, но се уште не ги чувствува долните екстремитети од телото, објавија српските медиуми.

Момчето се здобило со тешки повреди во градниот кош, вратот и кичмата, но благодарение на работата на докторите неговата состојба е многу подобра.

Состојбата на момчето од училиштето е многу подобра отколку кога беше хоспитализирано. Тој е свесен, ги движи главата и рацете и нормално комуницира со докторите и медицинскиот персонал. Се опоравува, но се уште не ги чувствува долните екстремитети од телото“, соопштиле Универзитетскиот клинички центар на Србија за соседните медиуми.

За потсетување, на 3. мај, 13-годишен ученик уби девет деца и еден училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар. Во овој грозоморен напад тој тешко рани уште неколку негови врсници, како и наставничка по историја.

Овој масакар е еден од најстрашните настани во модерната историја на Србија, а граѓаните се уште се во шок и неверување од она што се случи.