Се пали ѓубре на депонијата Дрисла во Скопје

Густиот и црн чад утрово ги загрижи граѓаните. Според жителите кои се во близина и кои објавија видео на социјалните мрежи, на депонијата Дрисла во Скопје може да се забележи чад.

Велат дека ѓубрето што се депонира во депонијата Дрисла се пали.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека добиле информација дека има пожар на депонијата Дрисла, но немаат повеќе детали. Официјалните информации што ги имаат се дека во земјава нема активни пожари, туку дека има чад во депонијата Дрисла.

Се очекува во наредните часови да соопштат повеќе детали од надлежните во земјава.