СЕ ПОДГОТВУВА ЛИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО СВЕТОТ !? Голема светска сила има план: Ќе развива сопствена нуклеарна програма, а најавен е првиот чекор
Саудиска Арабија соопшти дека е посветена на изградба на сопствена програма за нуклеарна енергија и вети дека ќе дозволи поголем надзор од инспекторите за атомска енергија.
Саудискиот министер за енергија, принцот Абдулазиз бин Салман, вели дека Саудиска Арабија се движи кон многу посилни заштитни мерки и инспекции на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) отколку што правеше претходно, и според Протоколот за мали количини (SCP) на агенцијата, МААЕ ја иззема земјата со малку или без нуклеарен материјал од инспекции и барања за транспарентност, пренесува CNN.
„Кралството неодамна одлучи да го прекине протоколот за мали количини и да се придвижи кон спроведување на сеопфатен договор за заштита. Преку својата политика за атомска енергија, Кралството е посветено на највисоките стандарди на транспарентност и доверливост“, вели Абдулазиз бин Салман за време на обраќањето на годишната конференција на МААЕ во Виена претходно оваа недела.
Во текот на изминатите неколку години, МААЕ вршеше притисок врз Саудиска Арабија и други земји преку SCP да преминат кон сеопфатниот договор за заштитни мерки (CSA). Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, вели дека тие земји претставуваат „слабости“ поради глобалните напори да не се прошират нуклеарните програми.
Саудиска Арабија моментално има мал нуклеарен реактор и истражувачка единица формирана со помош на Аргентина, која сè уште не е ставена во функција, а префрлањето на CSA ќе му овозможи на Ријад пристап до материјалот потребен за нуклеарна енергија и да го стартува реакторот, кој би ја направила Саудиска Арабија втора арапска земја во светот со нуклеарна програма по Обединетите Арапски Емирати.