Се подготвува сензационален трансфер! Хари Кејн на излезната врата од Тотенхем – дали средбата е веќе одржана !?
Претставниците на англискиот напаѓач Хари Кејн (29 г.) се состанале со спортскиот советник на Пари Сен Жермен, Луис Кампос, пишува весникот Foot Mercato.
Иднината на Англичанецот е под голем знак прашалник, а со оглед на тоа што Хари Кејн на лето влегува во последната година од договорот, постои реална можност Тотенхем да сака да заработи од својот напаѓач додека може.
Хари Кејн претходно беше поврзуван со можна преселба во лигашкиот ривал Манчестер Јунајтед, а изгледа дека францускиот гигант сега се вклучи во трката за 29-годишниот фудбалер.
Се разбира дека трансферот на Хари Кејн стана приоритет за ПСЖ, бидејќи тој се приближува до последната година од неговиот договор со клубот, а Le Parisien тврди дека пропуштањето на Роберт Левандовски во последниот преоден рок само ја засилило потребата на клубот за нова главна деветка.
Заедно со Хари Кејн, на трансфер листата на ПСЖ се наоѓа и Виктор Осимхен, кој е проценет на околу 130 милиони фунти, што е многу повисока сума од цифрата што се наведува за Англичанецот – која е околу 87 милиони фунти.
Не е јасно дали Хари Кејн ќе сака да ја напушти Премиер лигата и неговите 210 првенствени голови. Со останувањето во лигата може да го брка рекордот на легендарниот Алан Ширер (260 гола), кој е многу блиску до него, иако ПСЖ сигурно би бил една од најдобрите опции за освојување на првиот трофеј во кариерата.