СЕ ПОРАДИ АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ !? Јелена Карлеуша излезе на сцената како гостинка на голем концерт, а потоа започнаа бруталните навреди…

Гостувањето на Јелена Карлеуша на концертот на Милица Павловиќ во саботата вечер во „Штарк Арена“ не беше многу пријатно прифатено од сите во публиката. Така дел од публиката го поздрави нејзиното појавување на сцената со извици – „Уаа, сендвичарко!“.

Тие алудираа на нејзината отворена поддршка за Српската напредна странка и претседателот на државата Александар Вучиќ.

Имено, во Србија, поддржувачите на Александар Вучиќ, кои со оглед на резултатите од изборите во последните години го сочинуваат мнозинството од граѓани на нашата соседна земја, нагрдно ги нарекуваат „сендвичари“, кои СНС им ги дели на своите членови и симпатизери кога тие се превезуваат со автобуси на партиски состаноци во Белград или други градови во Србија.

Така Јелена Карлеуша стана „сендвичарка“ во очите на противниците на Александар Вучиќ, а тоа некои не пропуштија да и го кажат и на концертот на Милица Павловиќ, каде на видео-клиповите објавени на социјалните мрежи може да се најдат неколку видеа на кои гостите на концертот се исмејуваат на нејзина сметка.

Сепак, поголемиот дел од публиката во „Штарк Арена“ ги пееше нејзините хитови со Јелена Карлеуша.