ФОТО | Хајди Клум ја разбуди фантазијата на своите обожаватели со секси фотографии од прославата на Божиќ: Ја откри својата “дива“ страна, а го покажа и сопругот

Шетајќи по песочна плажа манекенката Хајди Клум ја разбуди фантазијата на своите многубројни обожаватели која го прослави Божиќ со својот сопруг Том Каулиц на луксузен одмор. Двојката не ја криеше својата љубов, пишува Daily Mail, па додека се одмараа на брегот на Карибите, разменуваа бакнежи и нежни допири и изгледа уживаа во празниците.

Супермоделот и актерка сподели објава на социјалните мрежи со видеа и фотографии на кои таа и Том Каулиц уживаат. Хајди Клум ја покажа својата завидна фигура во црно бикини, кое го носи под престилка со дезен од гепард. Модната комбинација ја зачини со новогодишна капа со светки, а нејзината објава можете да ја погледнете ОВДЕ.

Објавата содржи и видео на кое се гледа како актерката елегантно стои на лулашка, додека нејзиниот сопруг „несмасно“ се обидува да се доближи до нејзе. Таа со објавата секако ги израдува и насмеа своите следбеници, но и ги „растажи“ бидејќи се гледа дека парот ужива во заедничкото време.

Манекенката и рокерот, која потекнува од Германија, уживале на песокот за да го гледаат сонцето кое заоѓа над планините држејќи се за раце, но тие сепак го прославија Божиќ на својот воден душек на надувување во облик на украсена елка, иако Том Каулиц привлече внимание во својата не толку божиќна, цветна модна комбинација.

Славниот пар е во брак од 2019 година, а со тоа Том Каулиц стана очув на нејзините четири деца, 19-годишната Лена, 18-годишниот Хенри, 17-годишниот Јохан и 14-годишната Луа.