Се породи Дилета Леота: Најпознатата спортска новинарка го доби најубавиот роденденски подарок

Најпознатата спортска новинарка Италијанката Дилета Леота стана мајка.

Таа на својот профил на Инстаграм ги покажа првите фотографии, а ни откри и дека родила девојче. Она што е особено интересно е што се породила на роденден. Ќе се согласите дека животот не можел да и подари поубав подарок, нели?

„Денес се преродив преку тебе. Добредојде, Арија. Ти си најдобриот подарок што би можеле да го побараме“, напиша новопечената мајка.

За потсетување, Дилета откри дека е бремена на крајот на март.

„Мораме да кажеме нешто… Но, дали сите веќе го знаевте тоа? Наскоро ќе бидеме тројца“, напишала тогаш заедно со видеото на кое таа и нејзиното момче се гушкаат и плачат од среќа.

Леота ја потврди врската со Лорис со фотографии од новогодишната ноќ.