Се појавија „фотографии за возрасни“ на најпознатата пејачка во светот: „Таа е луда“ (фото)

Пред станот на Тејлор Свифт, музичката ѕвезда (34) во Њујорк, истиот човек кој ја демне три пати е yапсен, но тука не е крајот на маките за популарната американска пејачка. Таа наводно е бесна поради фотографиите генерирани со вештачка интелигенција кои кружат на социјалните мрежи. Тејлор размислува за правна постапка поради фотографиите кои станаа вирални на порно сајтовите.

„Се одлучува дали ќе се преземат правни мерки или не, но едно е јасно: овие лажни фотографии генерирани од вештачка интелигенција се навредливи и експлоататорски без согласност и/или знаење“, изјави извор близок до Свифт за Дејли Меил во четвртокот.

„Твитер профилот што ги објави повеќе не постои. Шокантно е што платформата на социјалните мрежи воопшто им дозволи да објавуваат“, додаде изворот. Објавите, познати како „deepfakes“, ја прикажуваа пејачката во различни провокативни пози на натпреварот на Канзас Сити Чифс, за кој играше нејзиното момче Тревис Келче.

Изворите велат дека нејзиното семејство и пријателите се многу лути.

„Треба да се донесат закони за да се спречи вакво нешто. Законите мора итно да се донесат“, продолжи изворот.

Иако Тејлор Свифт јавно не го коментираше случајот, верните фанови брзо го преплавија Х со позитивни објави за неа во обид да се борат против ширењето на несоодветни слики.