Се појави вест дека починала Калиопи: Хаос во јавноста,алармирана е и полиција

Калиопи се најде во центарот на невиден скандал кога на интернет почнаа да кружат фотографии на кои наводно е во болнички кревет, со застрашувачки тврдења дека се бори за живот!

Калиопе остана во шок кога ги виде овие слики кои предизвикаа паника кај нејзините обожаватели. Пејачката не можела да поверува дека некој може да направи толку сурова измислица и да предизвика страв кај нејзините роднини и обожаватели.

Калиопи веднаш покрена судска постапка против непознатото лице кое ја објави оваа лажна информација, и излезе во јавноста да го изрази својот гнев и загриженост поради ваквото однесување.

–  Отсекогаш тврдев дека нема добри и лоши луѓе, има луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нехуман чин е поведена пријава и постапка што ја водат надлежните органи. Во минатото имаше разни злоупотреби на моето име, но овој морбидитет ги надмина сите досегашни манипулации.

– Зарем не сте свесни дека можеби мајка ми, сестра ми, брат ми би можеле да го прочитаат овој текст и директно да ги загрозат нивните животи. Апелирам до Одделот за високотехнолошки криминал и до Министерството за внатрешни работи да преземат итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби – напиша пејачката.

Под оваа страшна вест што ја објави, таа доби грст коментари за поддршка.

„Болни луѓе“, „Грозно, спаси нè Боже“, „Ова е страшно“, коментираат Милица Тодоровиќ, Саша Капор и други нејзини колеги.