Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ доживеа голем кикс на овонеделниот АТП турнир во Доха, Катар, откако беше елиминиран во првото коло од Матео Беретини.
Денеска Ѓоковиќ го напушти главниот град на Катар, а шпанскиот Ас објави ексклузивна снимка од српскиот тенисер од аеродромот во Доха, која ги загрижи сите негови фанови.
На видеото се гледа како Ѓоковиќ куца, јасен знак дека ја повредил ногата, а постои сомневање дека ја обновил постоечката повреда на задните вкрстени лигаменти.
Djokovic limping as he leaves Doha.
— José Morgado (@josemorgado) February 21, 2025
Not a good look… pic.twitter.com/DRFUfOCH6L
Неговото куцање е изненадувачки бидејќи рече дека не играл со болки на мечот против Беретини и не чувствувал непријатност на двата меча во двојки што ги одигра со Шпанецот Фернандо Вердаско.
Во ова време во Србија се почесто се зборуваше за пензионирање на Ѓоковиќ, што го советуваше и тенискиот експерт Радмило Арменулиќ.
„Мислам дека е ограничен во овие околности и дека е време да размисли за крајот на кариерата. Можеби може да одигра уште еден или два големи турнири и од Вимблдон или Ролан Гарос да си замине со стил. А ако го направи тоа утре, нема за што да жали, бидејќи веќе постигна се што можеше да се замисли и незамисливо“, изјави Арменулиќ за „Арена спорт“.
За потсетување, Ѓоковиќ ги одигра првите натпревари во Доха, откако ја заработи гореспоменатата повреда на задните вкрстени лигаменти на Австралија Опен, поради која се повлече од полуфиналниот натпревар против Александар Зверев.