Новата варијанта, наречена XEC, беше забележана во Германија во јуни и оттогаш се појави во Велика Британија, САД, Данска и неколку други земји.
Беше откриено дека XEC има неколку нови мутации кои би можеле да помогнат во ширењето на сојот оваа есен, иако експертите веруваат дека вакцината треба да помогне да се спречат потешки случаи.
Професорот Франсоа Балук, директор на Институтот за генетика на Универзитетскиот колеџ во Лондон, рече дека XEC може да стане доминантна подваријанта во текот на зимата.
Четирите најчести симптоми
Симптомите кои ги доживуваат пациентите со варијантата XEC се слични на симптомите на настинка и грип, како и досега, а четирите најчести се: висока температура, болки, замор, кашлица или болки во грлото.
Повеќето пациенти се чувствуваат подобро неколку недели по инфекцијата, но закрепнувањето може да потрае подолго.
Мајк Хени, аналитичар кој ги анализира податоците за Ковид, истакнува дека има силно зголемување на бројот на пациенти со варијантата XEC во Данска и Германија.
Во исто време, се прават помалку рутински тестови од претходно, така што е потешко да се открие колку од овој вирус е всушност присутен.
Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA) вели дека е нормално вирусите да мутираат и да се менуваат.