Се појави фотографија од Јокиќ и Гордон од ресторанот: Она што го држи Србинот во рака предизвика хаос на интернет (ФОТО)

НБА играчот, актуелен шампион на најсилната лига на светот и соиграч на Никола Јокиќ – Арон Гордон, деновиве е во Србија кај својот пријател Никола Јокиќ.

Гордон во петокот пристигна во Србија и веднаш се упати кон Сомбор каде се забавува со српскиот ас.

Беа и на хиподромот во Сомбор, каде заедно ги следеа трките, а сега на социјалните мрежи се појави нивна заедничка фотографија од ресторанот во Сомбор.

Никола и Арон позираа со келнерот, а посебно внимание привлече еден детаљ на фотографијата.

Имено, Никола има храна во раката, која веројатно е за носење, но многумина сакаа да се пошегуваат а бројните коментари беа „Јокиќ побара од келнерот да ги спакува остатоците, оти штета е да се фрли“ .