Корисник на социјалната мрежа Фејсбук јавува дека на таа социјална мрежа пости група каде се споделуваат фотографии од малолетни девојчиња.
„Здраво, каде да пријавам група каде се споделуваат интимни фотографии од малолетни девојчиња, од полиција ме праќаат во МТВ спрат два, таму викаат дека не се залагаат за групи, си земаат замав и споделуваат слики и од малолетници кои се плашат да кренат глас. Пред да згасне живот дајте чаре каде да се обратам“ се вели во објавата на Фејсбук.
Во прилог е споделен е и линк од групата, а во коментари граѓани го упатуваат човекот да пријави во единицата за економски и компјутерски криминал.
Групата брои над 8,700 членови а 24инфо.мк проверува дали истата е пријавена во МВР.