Во Лика, во градот Кореница, во непосредна близина на границата со Босна и Херцеговина, дошло до сообраќајна несреќа кога автобусот се превртел.
Откако се превртел автобусот со Госпиќски регистерски таблички, сообраќајот на овој дел од патот бил во прекин, објави „Лика онлајн“.
Од несреќата направена е материјална штета, но во оваа несреќа нема повредени.
Ова е втора несреќа во која се преврте автобус во Хрватска. Да потсетиме, синоќа околу полноќ автобус со албанска регистрација се преврте на автопатот А1 кај раскрсницата Бриње.
Во несреќата едно лице загина, а неколку се повредени.