Се преплашила кога го слушнала нејзиното име преку разгласот во авионот! Пилотот имал добра причина за тоа
Девојката се сместила во авионот и ја вклучила камерата, токму во моментот кога пилотот зборувал за неа.
Анџела (45) живее во Лондон и често лета. Неодамна таа објави видео од еден нејзин лет, а гледачите имаа можност да видат интересна сцена.
Во видеото слушаме како пилотот ги предупредува патниците дека во авионот има лице кое е алергично на кикирики и други јаткасти плодови.
@angelljiljanalamb @British Airways I love you, thank you for keeping me safe 🇬🇧✈️ #britishairways #nutallergy #peanutallergy #travelwithme #epipens #allergicreaction #travellingwithallergies #anaphylactic #allergy #allergies #london #healthandsafety ♬ original sound – Angel
Ќе ве замолиме да не консумирате кикиритки или други јаткасти плодови кои можеби сте ги носеле со себе. Ви благодариме за помошта и соработката – изјави капитенот.
Анџела го објави видеото со порака: „Непријатно, но вреди “ .
Таа објасни дека летањето може да биде многу комплицирано за неа, бидејќи на 15-годишна возраст и биле дијагностицирани повеќекратни алергии.
– Реакцијата на мојот организам ја предизвикуваат кикиритките, јаткастите плодови, семките, но и сенфот, јагодите, портокалите, кокосот. Особено е проблематично кога летот трае со часови – изјавила Ангела.
Девојчето презема дополнителни мерки на претпазливост, секогаш предупредувајќи го патникот до неа во случај да сака да отвори вреќа со кикирики. Сепак, таа не секогаш имала среќа.
– Некои луѓе се фини, но некои се груби и велат дека ќе јадат што ќе им текне. Поединци ми кажаа дека приказната за тоа како алергените се пренесуваат преку воздухот е лага – рекла Анџела, пренесува Newsweek.
.