Се претвори во восочна фигура! Сталоне го деформираа операциите: Лицето на славниот Рамбо изгледа како на кукла (ФОТО)
Силвестер Сталоне се појави пред некој ден во Њујорк со сопругата Џенифер Флавин и ќерките Систин и Скарлет. Реалниот изглед на актерот и неговото лице во оваа прилика го украдоа целото внимание на јавноста.
Актерот беше најрасположен за фотосесија меѓу членовите на неговото семејство, додека неговата сопруга Џенифер Флавин се претстави во интересно модно издание. Друштвото со фотографи не им се допаднало на ќерките, па се криеле од папараците.
Познатиот актер Силвестер Сталоне со години ја шокира светската јавност со својот изглед, па често му се припишуваат епитети дека личи на восочна кукла и дека лицето му е крајно неприродно и деформирано.
Вака денес во живо изгледа Силвестер Сталоне на 77 години.
Лицето на Сталоне е далеку од природно. Љубител на пластичните операции била и неговата мајка Џеки Сталоне , која во една прилика изјавила дека поради големиот број операции и начинот на кој биле направени, наликува на верверица.