Се разведоа поради мене! ЈК приговори за бракот на нејзините родители: Го фатив татко ми со љубовницата!

Родителите на Јелена Карлеуша се Дивна и Драган Карлеуша. Тие се запознаа и стапија во брак во 1977 година, а веќе следната година добија ќерка, популарна пејачка денес.

За жал, бракот не траеше. По некое време, секој тргна по својот пат, а Јелена потоа продолжи да живее со мајка си, која и’ беше најголема поддршка во градењето на нејзината кариера.

Прекрасна Карлеуша

Јелена често зборува во јавноста за нејзината покојна мајка Дивна и за тоа колку и’ значела нејзината поддршка во животот, но таа ретко го споменува нејзиниот татко Драган Карлеуша.

Сега таа за првпат откри како пропаднал нивниот брак и како што тврди, таа била главниот виновник.

– Го паметам татко ми како женкар. Се разведоа затоа што го фатив како ја изневерува мајка ми со една девојка. Не ми се допадна тоа. Отсекогаш сум била ,,мамина” девојка. Кога го фатив, чекав да ме донесе дома, каде што почнав да зборувам од вратата и и’раскажав на мајка ми. Тој повтори: ,,Јас не те измамив!”, но мама истакна дека такво нешто дете не може да измисли. Разводот беше неизбежен. Драган не ми се налути поради тоа. Брзо му помина а не му беше ниту прва авантура. Тие се разведоа, но ние продолживме да живееме во ист стан со години.