Се разведуваат Канје Вест и Бјанка? Раперот полуде откако го направи ова – раскинувањето го шокираше светот!
Канје Вест и Бјанка Сенсори се пред развод по помалку од две години брак.
Канје Вест и Бјанка Сенсори наводно се на пат кон развод по помалку од две години брак. Според американскиот портал „TMZ“, парот се соочува со сериозна брачна криза.
Медиумите од САД пренесуваат дека Канје и Бјанка веќе го информирале својот близок круг на пријатели за нивната разделба пред неколку недели.
Како што понатаму се наведува, славниот музичар им рекол на своите блиски пријатели дека планира да се разведе од атрактивната Австралијка, со намера да се пресели во Токио.
Нивното разделување наводно било поттикнато од неодамнешното патување на Бјанка во нејзината родна Австралија, каде што поминувала време со семејството и пријателите.
Двојката последен пат беше видена заедно на 20 септември во Токио, придружувани од две од четирите деца на Канје од бракот со Ким Кардашијан. Оттогаш, Вест во јавноста се појавува исклучиво сам.
За потсетување, парот официјално се венча во 2022 година, само еден месец откако беше финализиран разводот на Канје со Ким. Нивниот изглед често привлекува внимание, особено поради провокативниот стајлинг на Бјанка. Се вели дека Вест ја охрабрува својата сопруга да носи провокативна гардероба, што предизвика загриженост кај нејзините пријатели, кои тврдат дека Канје е премногу контролиран.