Се разведува најубавата Русинка на светот од 28-години постариот милијардер: Ја извади од затвор и ја накити со злато

Лена Перминова (38) , најуспешната руска манекенка, објави дека се разведува од сопругот, рускиот милијардер Александар Лебедев (65), по повеќе од десет години брак. Објавата, која ја шокираше јавноста, доаѓа откако парот го привлече вниманието на медиумите во последните неколку месеци поради шпекулациите за нивниот статус.

Лена на својот „Инстаграм“ профил објавила нивна фотографија и во описот напишала неверојатна информација:

– Не сакам да кажам премногу. Работите се случуваат. 
И на најубавите приказни им доаѓа крајот. Се разведуваме. Имаше многу добрина. И што е најважно, од сето ова излегоа 4 прекрасни деца. Не можеле да посакаат подобар татко. Остануваат топлината и благодарноста, но мора да се разделиме. Нема да коментирам повеќе. 
Приватните работи мора да останат приватни – изјавила Лена во описот.

Љубовна приказна како од филм

Лена и Александар се венчаа во 2011 година, а нивната љубовна приказна често беше во центарот на вниманието, со оглед на нивниот статус во руската социјална и деловна елита.

Инаку, Лена на 16 години решила да го напушти родителскиот дом во Новосибирск и немала поим дека ќе наиде на невидени проблеми, ниту дека животот ќе и се претвори во бајката што ја живее денес. Откако го напуштила семејниот дом, Лена Перминова почнала да продава психоактивни супстанци по клубови, бидејќи се заљубила во многу постар маж за кого го правела тоа. Таа беше уапсена, а и покрај тоа што се согласи да соработува со полицијата, не и беше гарантирана никаква заштита. Таа беше осудена, заврши во затвор, а дилерот што го галванизираше и се закануваше со смрт.

Таткото на Лена потоа испрати писмо до милијардерот Александар, кој тогаш работеше на кампања за донесување закон за заштита на сведоци, а кога ја ослободи од затвор, тие почнаа да се забавуваат . Разликата меѓу нив е 28 години. 

Заедно имаа четири деца, а нивниот брак изгледаше како совршена комбинација на успешен бизнисмен, а подоцна и влијателна жена од светот на модата. Лена почнала да се занимава со манекенство на 15-годишна возраст, а нејзината најрана работа на овој свет била фотосесија за магазинот „Плејбој“.