Се разочара во љубовта, па почна да лови пензионери! Сега има седум од нив, а еве како ги „улови“

Лина е многу млада девојка, која ги заинтригира сите со својот избор на мажи. Имено, нејзина целна група се пензионерите.

Девојката по име Лина била толку разочарана од љубовниот живот и помладите мажи што на крајот почнала да се гледа со постари мажи, во пензија. 

Имено, таа моментално излегува со дури седум пензионери , а пред некој ден отворено проговори за тоа пред камерите. Така, меѓу другото, таа изјави дека до излегување со многу постари мажи ја навеле силните разочарувања од нејзините врсници, кои ги опишала како неодговорни.

Притоа се пожалила дека многу од нив мора финансиски да издржува, поради што решила среќата да ја побара кај оние кои повеќе ја ценат, особено кога треба да посегне по паричникот.

– Постарите мажи се подарежливи и помалку бараат – рече Лина, откривајќи како се вмешала со Карлос, Симон, Хесус, Пабло и Мануел или уште двајца пензионери кои сакале да останат анонимни.

– Им пријдов во редовите додека стоеја да ја земат пензијата  – признала оваа млада девојка и се пофалила дека секој од сегашните партнери и обезбедува финансиска поддршка, но и ги извршува домашните работи за неа.

Таа откри и дека на своите привремени партнери не гледа класични романтични љубови и рече дека ги наградува врз основа на финансиската поддршка што ја добива од нив.

Секако, ваквите нејзини изјави предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи, па многумина ја обвинија Лина дека на бескрајно грд начин ги искористува старите лица.

– Извинете, но моите односи со овие мажи се консензуални и заемно корисни – возврати таа.