– По невремето што го зафати градот Штип, на терен се екипите на јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“, како и пожарникарите од Противпожарната единица. Се испумпува водата од поплавената улица и од дворот во црквата „Свети Никола“, како и од дворот во градинката во населбата Ново Село.
Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова апелира, доколку граѓаните имаат поплавени подрумски простории да се јават во ТППЕ-Штип, за да интервенираат пожарникарите.
-Би сакала да ги охрабрам граѓаните доколку имаат штети по невремето да ги пријават во архивата на Општина Штип, по што Комисијата за проценка ќе излезе на терен, рече Шорова на прес-конференција.
Таа посочи дека екипа на Армијата има и во населбата Дузлaчки рид.
Општината дополнително ќе информира какви штети остави невремето проследено со силен дожд, град и грмежи. Улиците на кои има наноси од песок и камења се чистат од страна на екипте на двете јавни претпријатија.