Се сеќавате на момчето кое го продаде својот PlayStation за да го гледа својот омилен тим? Денес повторно е хит, клубот го ангажираше (фото/видео)
Поминаа две години откако еден млад навивач на Бока Јуниорс стана вирален хит, бидејќи неговата емотивна приказна за тоа како стигнал до финалето на Копа Либертадорес покажа колку луѓето во Јужна Америка го сакаат фудбалот.
Младиот навивач Бенџи, кој низ солзи изјави дека го продал својот PlayStation и мотоциклот на својот татко, за да го гледа дуелот на неговиот тим Бока против бразилскиот Флуминенсе, повторно е вирален.
Во 2023 година, младиот човек низ солзи објасни како тој, заедно со 100.000 други навивачи на Бока Јуниорс, пристигнал во Рио де Жанеиро за финалето на Копа Либертадорес.
Само 23.000 навивачи на Бока влегоа на стадионот, додека повеќе од 80.000 го гледаа натпреварот на улиците на Рио. На крајот, тие немаа причина да бидат задоволни бидејќи Флуминенсе во таа прилика стана шампион на Јужна Америка.
Две години подоцна, младиот навивач на Бока е повторно во центарот на вниманието. Овојпат и тој беше ангажиран од неговиот сакан клуб.
Клубот го покани да учествува во официјалното фотосесија и презентација на новиот дрес на Бока Јуниорс. Исто така, тој ќе биде дел од рекламното видео за претстојното Светско клупско првенство.
„Мора да оставиш сè зад себе“, се вели во рекламата за новиот дрес, кој го рекламира момче кое за кратко време ги освои срцата и на навивачите на својот клуб и на фудбалските фанатици ширум светот.