СЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПЕСОК – Бројот на загинати во Авганистан рапидно расте 2.000 загинати во серија земјотреси (Видео)

Според Ројтерс, земјотреси се почувствувани и во провинциите Фарах и Бадгис. Се стравува дека бројот на загинати ќе расте бидејќи многумина остануваат заробени во урнатините.

Бројот на жртвите од разорните земјотреси што во саботата го погодија западен Авганистан надмина 2.000, соопшти денеска портпаролот на талибанците.

Повеќе од 9.000 луѓе биле повредени, објави Ројтерс. Неколку силни земјотреси вчера го погодија Авганистан, а најсилниот во епицентарот беше 6,3 степени по Рихтер, пренесе АП.

Најмалку шест села се уништени, а стотици цивили се затрупани под урнатините, изјави претставник на Министерството за информации и апелираше за итна помош. Многу загинати се префрлени и во воени бази, па засега не може да се зборува за точниот број на жртви.

Неколку земјотреси вчера ја погодија областа на 35 километри северозападно од градот Херат, јавува Ројтерс.

Најсилниот земјотрес бил со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала. Локалното население во Херат во паника ги напуштило своите домови и многумина ја поминале ноќта на улица. Според Ројтерс, земјотреси се почувствувани и во провинциите Фарах и Бадгис. Се стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми, бидејќи многумина остануваат заробени во урнатините.