Се скарал со девојката па ја турнал под воз: Хорор на шините, Кристијан веднаш уапсен

Маж од Њујорк е уапсен под сомнение дека ја турнал својата 29-годишна девојка на шините на метрото на Менхетен пред возот што доаѓал, поради што таа останала без двете стапала.

Полицијата соопшти дека Кристијан Валдез бил уапсен доцна во саботата, околу 10 часа откако побегнал од станицата на улицата Фултон, каде што наводно турнал девојка додека воз се приближувал до перонот.

Инцидентот се случил откако Кристијан и девојката се скарале околу 10.30 часот. Работите ескалирале и тој ја турнал на шините, изјавиле полициски извори, јави NBC New York.

Жената е пренесена во болница во критична состојба, а изворите велат дека ги загубила двете стапала како последица на ударот на возот. Мажот по нападот побегнал оставајќи ја сама.

Кристијан (35) е уапсен во саботата околу 9 часот и 30 минути навечер за обид за убиство и напад.