Се скара со Меси па го плукна! Идиотскиот гест на Парагваецот ја обиколи планетата – можно ли е фудбалер да направи вакво нешто? (видео)

Фудбалската репрезентација на Аргентина продолжи со одличните настапи во квалификациите за СП 2026 година и забележа нова победа.

Синојка Аргентина славеше во Буенос Аирес против Парагвај со минимални 1:0. Голот на Николас Отаменди во третата минута од натпреварот беше доволен за победа на актуелните светски шампиони.

Лионел Меси влезе во игра во вториот дел, но немаше среќа да се запише во листата на стрелците бидејќи двапати ја погоди стативата.

Сепак, во еден момент беше видена одвратна сцена, а во главна улога беше Антонио Санабрија, кој најпрвин вербално се „пресметуваше” со Меси, а потоа го плукна.

Аргентина е прва на табелата со максимални девет бода, односно има два повеќе од Бразил, кој синоќа одигра нерешено 1:1 со Венецуела.