Се соблече во провокативна облека, па прошета низ аеродром – и тоа не е се…

…А потоа објави сè на социјалните мрежи.

Рита Ора неодамна сподели неколку атрактивни фотографии на Инстаграм, а една специфична ни го привлече вниманието.

Британската пејачка со албански корени минатиот викенд „за 24 часа го обиколи светот“. Таа беше придружувана од режисерот и сопруг Таика Ваитити, за кого Рита ја организираше целата забава.

Познатиот филмаџија го прослави својот 49-ти роденден, а неговата прекрасна сопруга го изненади со мало патување.

Фотографии од мини-одморот Рита објави на својот официјален Инстаграм профил, а една специфична привлече внимание.

Како што можете да видите, познатата пејачка е фотографирана во црвена долна облека на аеродром.

Фитното тело и стомачните беа во преден план, а сигурни сме дека таа со својот изглед ги засени сите присутни.