Се сретнаа принцовите Хари и Вилијам: Еве како изгледаше средбата

Принцот Хари, војводата од Сасекс и неговиот брат и престолонаследник принцот Вилијам се сретнаа на погребот на нивниот вујко, лордот Роберт Фелоус, објавија британските медиуми.

Принцот Хари тајно отпатувал во Англија на погребот на неговиот 82-годишен вујко, објави британски Мирор.

На погребот што се одржа вчера во Норфолк присуствуваа и двајца браќа кои не разговарале меѓу себе од погребот на нивната баба, англиската кралица Елизабета Втора во 2022 година.

Како што изјавиле извори за весникот Сан, браќата се однесувале „дискретно“ еден кон друг. Друг извор изјавил дека не биле забележани како разговараат меѓу себе и дека се држеле на дистанца.

Претходно беше објавено дека принцот Хари нема да присуствува на погребот поради безбедносни причини, како и стравувањата дека неговото присуство може да доведе до непријатна ситуација доколку е присутен и Вилијам.