Се судрија автобус со број 18 на ЈСП и „пунто“ на „Партизанска“

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот „Партизански одреди“, кај библиотеката „Брака Миладиновци“. Се судрија автобус на ЈСП со број 18 и автомобил „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки.

Според првичните информации на makfax автобусот во моментот на несреќата превезувал патници, но засега никој не се пријавил дека е повреден.

Автомобилот „пунто“ има оштетување во задниот дел. Возачот е неповреден.

На терен има полиција која прави увид за да се утврдат причините за несреќата.