„Само чувствувам како ми влегува потпетицата, многу е жешко“, напишала една жена која денес се нашла надвор на речиси 40°C во најтоплиот дел од денот.
Денеска насекаде читаме предупредувања од метеоролозите за високите температури, како и совети од лекарите да не излегуваат надвор на жештините. Една жена немала избор, па се нашла на жешкиот белградски асфалт.
Во цела Србија е топло, но во големите градови чувството е секогаш полошо бидејќи нема сенка, сообраќајот е погуст, а ако се најдете во јавниот превоз исто како оваа жена, нема излез.
Имено, како што напишала, тролејбусот во кој се возела се расипал меѓу две станици, па патниците морале да пешачат. „Бевме 150 внатре“, напиша таа, со што јасно стави до знаење дека има огромна гужва, а сигурни сме дека има и дополнителна топлина.
Кога излегла од транспортот почувствувала дека асфалтот буквално и се топи под нозете. Нејзината потпетица направи дупки на патот и остави траги по неа, како да е кал, а не асфалт.
Samo osetim kako mi upada štikla 👀
— Asertive ✨👠 (@neponovljiva_ja) June 19, 2024
Mnogo je vruće, ali je ovo i DŽ kvalitet 🤷🏼♀️
A onda smo morali svi da izađemo iz trole koja se pokvarila negde između dve stanice i unutra nas je bilo 150, ne znam kako smo uopšte i krenuli 🙄 pic.twitter.com/f09SxzK8D3