Се тресе фудбалскиот свет! Европскиот суд донесе пресуда – Може да се основа Супер Лига: Се формира натпреварување на богатите клубови

Тотален шок во светот на фудбалот утрово!

Европскиот суд на правдата пресуди дека УЕФА и ФИФА немаат право да го стопираат проектот за формирање на европска фудбалска Супер лига.

Новото натпреварување беше формирано во април 2021 година од 12 клуба: Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити, Челзи, Тотенхем, Интер, Милан. Споменатите клубови ја напуштија рамката на УЕФА и започнаа со свое натпреварување.

Европскиот суд на правдата пресуди во корист на Суперлигата, оценувајќи дека европските и светските фудбалски организации ја нарушиле својата надлежност и не требало да го стопираат формирањето на ново натпреварување.

Наскоро повеќе…