Се урнал мал авион во Австрија, загинале четири лица

Четири лица загинаа денеска откако нивниот авион се урна во планинскиот регион Горна Австрија, соопштија властите. Помал авион со четворица патници се урна околу пладне над ски-центарот Касберг.

Поради изобилството на снег, потрагата по соборениот авион беше напорна, а помали остатоци беа пронајдени по два часа пребарување на теренот. Беа потребни уште два часа за да се најде трупот со телата на четворицата патници. Се уште не се познати идентитетот на загинатите, причината за падот и точната рута на авионот, соопшти полицијата.