Двајца припадници на полицијата загинаа, а еден е повреден при уривање на полициски хеликоптер на југот на Турција, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Х.
Јерликаја изјави дека хеликоптерот полетал вчера од аеродромот во Хатај, дека летал кон Газиантеп и дека изгубил контакт во 22:49 часот по локално време.
Авионот се урна во близина на селото Картал во областа Нурдаги во Газиантеп, додаде турскиот министер, без да ја прецизира причината за падот на хеликоптерот.
Повредениот припадник на полицијата е хоспитализиран, пренесува Reuters изјавата на турскиот министер за здравство.