Се урнал хеликоптер: Шест лица се водат за исчезнати

Хеликоптер со шест лица се урна во пустината Мохаве во јужна Калифорнија , соопштија локалните власти.

Хеликоптерот падна во петокот вечерта во близина на градот Бејкер, на околу 90 милји југозападно од Лас Вегас, објави КАБЦ-ТВ

Авионот полетал од Палм Спрингс околу 20:45 часот и се упатил кон Болдер Сити, Невада, кога се урнал околу 22 часот по локално време, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Сан Бернандино.

Полицијата соопшти дека досега не успеала да пронајде преживеани , а причината за падот е непозната, според АП.

Управата за безбедност на транспортот на САД испрати тим во областа каде што се урнал хеликоптерот за да ја истражи несреќата.