Помал авион со 12 патници и двајца членови на екипажот – пилот и копилот се урна во северната бразилска држава Амазонас, а нема преживеани.
Станува збор за такси-авион во кој патувале американски туристи, од типот „embraer bandeirante“. Авионот паднал на околу 400 километри од Манаус.
Истрагата е во тек, а причината може да биде силен дожд или човечка грешка.
Acidente aéreo com vítimas fatais durante temporal na tarde desta sábado, 16
— Portal Remador (@PortalRemador) September 16, 2023
O Avião tipo taxi aéreo transportava turistas americanos para região de Barcelos no Amazonas.
A aeronav tentava pousar na cidade, mas chovia forte. O Corpo de Bombeiros do Amazonas está acionado pic.twitter.com/HOpBG7AMnA
Центарот за истрага и превенција на несреќи започна истрага за причините за несреќата.