Се урна авион во Германија: Дете (6) извлечено живо од запалените остатоци!

Девојче (6) е извлечено од остатоците на авионот што вчера се урна во Германија , додека немало спас за нејзиниот татко (51).

Според пишувањата на медиумите, маж од Келн, кој управувал со мал авион кој од засега непознати причини се урна во близина на Санкт Агустин, починал на местото на настанот.

Девојчето со тешки повреди е пренесено во болница, но е во стабилна состојба.

Според соопштението на пожарникарите, авионот се урнал во поле набргу по полетувањето во петокот нешто по пладне. По падот, леталото се запалило. Со повреди се здобило и лицето кое прво притрчало да им помогне на настраданите.

Очевидци велат дека кога натрчале на терен, леталото целосно било зафатено од пламен. Според извештаите, авионот полетал од аеродромот Хангелар во близина на Бон непосредно пред несреќата.

На местото на несреќата брзо пристигнале бројни противпожарни екипи, три спасувачки хеликоптери и повеќе екипи на брзата помош.