Се урна американскиот воен авион во Јапонија, се запали мотор – во авионот имало осум лица

Крајбрежната стража во Јапонија денеска соопшти дека американски воен авион се урнал во близина на брегот на островот Јакушима.

Се известува дека во авионот имало осум лица. Јапонски тајмс пишува дека крајбрежната стража примила итен повик, пишува Телеграф.

Се наведува дека авионот „Оспреј“ со пропелери што може да ја менуваат позицијата како хеликоптер, паднал во морето во префектурата Кагошима.

Крајбрежната стража соопшти дека повикот го примиле во 14 часот и 25 минути, а станува збор за авион кој е во сопственост на американската војска.

Се наведува дека јапонските безбедносни власти го истражуваат случајот, а како што пренесува Ројтерс, портпаролот на американските војници во тој регион најавил дека собираат информации за инцидентот.

Британската агенција се повикува на тврдењата на сведоците, кои рекле дека им изгледало како левиот мотор да бил зафатен од оган, додека леталото летало ниско над површината на водата.