СЕ УРНА ЗГРАДА ВО ИСТАНБУЛ: Затрупани луѓе, на местото на несреќата итно пристигнале голем број спасувачи и лекари

Зградата се урна во општина Кучукчекмеџе во Истанбул, а причината за несреќата не е позната.

Турскиот весник „Хуријет“ наведува дека станува збор за зграда од три дела и дека зградата била блиску до пешачка зона и улица низ која поминуваат возила.

Турција, зграда

Се наведува дека досега од урнатините се извлечени седум лица.

Гувернерот на Истанбул Давут Ѓул рече дека нема извештаи за човечки жртви.

Турција, зграда

Медиумите јавуваат дека таму биле испратени голем број пожарникари и амбулантни возила.

Се наведува дека според првите информации под урнатините има затрупани луѓе.