СЕ УШТЕ Е ХИТ – „Најсмешниот момент во историјата на телевизијата“: Еве како изгледаат денеска децата од култното интервју (ВИДЕО/ФОТО)
Професорот Роберт Кели пред шест години се обидел да даде сериозно интервју за Би-Би-Си, но неговите деца решиле да му се придружат.
Додека тој одговарал на прашања за ситуацијата во Јужна Кореја, неговата четиригодишна ќерка упаднала во неговата соба. Наскоро ја следеше бебе во проодувалка Сè го зачинила мајката, која нервозно втрчала во собата и се обидела да ги извлече децата, додека професорот неколку пати се извинувал.
Снимањето на интервјуто собра милиони прегледи, а многумина го нарекуваат најсмешниот момент во историјата на телевизијата.
Кели се огласи на Твитер за да одбележи шест години откако стана вирален, објавувајќи фотографии од своите деца на Твитер. Неговата ќерка Мерион сега има десет години, а нејзиниот помал брат Џејмс осум.
Од тој момент сите го познаваат Роберт Кели, а секоја година видеото се шири одново и одново на социјалните мрежи и ги насмевнува луѓето.