Се формира големо движење! Вучиќ ќе разговара со народот на митинзи низ Србија, името ќе го бираат граѓаните до Видовдан

Од петок, 24 јануари, низ Србија ќе почнат да се одржуваат големи собири на кои ќе говорат истакнати професори, работници, земјоделци…

Ќе им се придружи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ , кој ќе разговара со нив во секој град и село, потврди српски Курир.

За името на движењето ќе одлучуваат самите граѓани преку социјалните мрежи.

Формирањето на движењето треба да го заврши Видовдан, а се предвидува дека ќе биде најважниот политички субјект на српската политичка сцена.

Според информациите, се очекува учество на голем број луѓе кои сè уште не учествувале во политичкиот живот во Србија .

Се очекува и претседателот Вучиќ наскоро да соопшти во кој град ќе се одржи првата средба.