Се шират “бизарни“ теории дека Луис Хамилтон и Том Брејди ја делат една од најубавите жени во светот: Ирина Шајк уловена во опасен љубовен триаголник !?

За наводниот љубовен триаголник помеѓу Ф1 возачот Луис Хамилтон, НФЛ легендата Том Брејди и моделот Ирина Шајк се пишува наголемо, а тие двајца, освен што го делат Ирина Шајк според озборувања, делат и иста зграда на живеење. Луис Хамилтон и Том Брејди живеат во иста зграда во Њујорк во населбата Трибека, дознава Page Six. Извор близок до Ирина Шајк открил дека таа излегува со возачот на Формула 1, но дека се во пријателски односи.

Луис Хамилтон и Ирина Шајк се пријатели со години. Ништо не се случува“, откри блискиот извор.

слика
Ирина Шајк

Ирина Шајк (38 г.) и Луис Хамилтон (39 г.) поттикнаа романтични гласини кога беа фотографирани заедно во Париз четири дена откако таа го помина времето со Том Брејди во Њујорк.

Таа секогаш го поддржуваше и тој секогаш ја поддржуваше неа. Тие се пријатели најмалку 13 години. Ништо не се случува меѓу Ирина Шајк и Луис Хамилтон“, изјавила блиска пријателка на Ирина Шајк.

Луис Хамилтон пак, го опиша Том Брејди (46 г.) како инспирација да продолжи да се трка до 40-тите години од неговиот живот. 

Page Six дознава дека Том Брејди моментално се „забавува“ по неговото разделување со супермоделот Жизел БундхенТом Брејди и Ирина Шајк се во врска со месеци. Тие беа видени и минатиот месец на состанок во трендовскиот ресторан Brasserie Fouquet во блокот на Том Брејди. Тие беа забележани и како се дружат во Мајами.