Се јавил во банка, па лажно се претставил како директор на локална фирма: На сметка му паднале 180.000 евра
Оваа приказна е уште една потврда дека сè се случува на овој свет, без разлика колку некои работи ни изгледаат бизарни или невозможни. Имено, измамник (засега неидентификуван) од Швандорф, град во Баварија, се јавил во локална банка и лажно се претставил како директор на фирма од тој град, а потоа успеал да договори трансфер на повеќе од 180.000 евра на сметки во странство.
Според германските медиуми, тој ги договорил тие трансфери во петокот, а сметководителот на компанијата успеал да ги запре натамошните долгови. Веднаш се јавил во банка кога ги забележал задолжувањата на сметката, пишува Феникс. Криминалната полиција Амберг го презеде случајот и сега ја истражува измамата.
Од банката соопштија дека најголемиот дел од парите се успешно вратени, а загрозената компанија ќе ги добие парите „за краток период“, па не е причинета штета, пренесуваат медиумите.
Според информациите добиени од банката, за телефонски налози за плаќање мора да се идентификувате врз основа на „неколку строги критериуми“, наведувајќи дека тие се дефинирани така што само сопственикот на сметката може да ги знае. Сепак, се чини дека овој измамник бил многу добро информиран за тоа.
За дополнително зголемување на безбедноста на плаќањето, банката вели дека за неколку недели ќе воведе нов метод за проверка на телефонската автентикација преку апликација за мобилен телефон. За да се избегне измама, клиентите „ќе имаат мобилен телефон и соодветна шифра за пристап за апликацијата“.
Германската банка препорачува секој клиент да го користи овој метод за автентикација. Дополнително, доверливите податоци не смеат да се проследуваат до трети лица.